Евeртон го добива Грилиш на позајмица, па потоа ќе може да го откупи за 50 милиони фунти

61
ФОТО: Manchester City F.C./FB

Евертон ќе може да го купи Џек Грилиш веднаш откако ќе му заврши неговата позајмица. Претходно стана познато дека клубот од Ливерпул се договорил со Манчестер Сити за позајмица на 29-годишниот играч од средниот ред.

Според „Атлетик“, „карамелите“ ќе имаат можност дополнително да го откупат играчот за 50 милиони фунти.

Грилиш одигра 20 натпревари во Премиер лигата минатата сезона, постигнувајќи 1 гол и запишувајќи 1 асистенција.

ПретходноНеверојатно: Матео Бараќ на ист натпревар во ХНЛ играл и за Славен и за Вараждин!
СледноМиленкоски: Имаме план кој мора да го исполниме, ако сакаме на уште едно Европско!