Крсте Велкоски го промовираше новиот стратег на “македонското“ Сараево!

531
ФОТО:FK Sarajevo/FB

И официјално и дефинитивно Сараево има нов тренер. Тоа за нас не би било толку интересно, но сепак овој култен клуб од БиХ во последно време е и “македонски“.

Како прво Крсте Велкоски е спортски директор, а Стефан Ристовски и Агон Елези ова лето дојдоа во “бордо“ тимот.

Најавите се остварија. Велкоски како спортски директор ја имаше таа чест да го промовира легендарниот Хусреф Мусемиќ за нов тренер или старо – нов ако се знае дека тој по шести пат ќе седне на клупата на Сараево.

Не треба да се трошат зборови кој е Мусемиќ, поранешен легендарен фудбалер на Сараево и Ц.Звезда како и репрезентативец на екс-СФРЈ.

Јавноста во БиХ, посебно фановите на “бордо“ тимот се воодушевени од потегот на Велкоски да го врати Мусемиќ на клупата.

ПретходноБарса го прегази Комо на Купот „Жоан Гампер“
СледноМакедонецот Мусовски со два гола го “тресна“ ЛА Галакси!(ВИДЕО)