Талентираниот Алтин Алији е ново засилување за екипата на Струга ТЛ. Стружани денеска го најавија ангажманот на талентираниот 18-годишен фудбалер.
Алији веќе има искуство од натпреварите од Првата лига, каде што се очекува повторно да го даде својот придонес, овој пат со дресот на Струга Трим Лум. Тој во дресот на струшкиот прволигаш доаѓа од косовски Балкани. Претходно го носеше дресот на Македонија Ѓ.П.