Грците пред мечот со Македонија: Победа за пласман на ЕП без пораз

46
фото: CEV.eu

Во очекување на еден од двата клучни натпревари за нашата одбојкарска репрезентација на патот до ново учество на Европско првенство, првиот противник, селекцијата на Грција, оптимистички го најавува дуелот со Македонија во среда во Атина. Грчките медиуми објавија дека по победата над Грузија во Тбилиси, одбојкарите на грчкиот национален тим поради проблеми со летот до Атина пристигнале доцна во неделата наутро и дури вчера ги одработиле првите тренинзи.

Сепак, Грците остануваат на ставот дека сакаат овие квалификации да ги завршат без пораз, што значи дека сакаат сигурна победа и на дуелот со Македонија. Нашата репрезентација утрово замина за Атина, каде вечерва треба да го одржи и официјалниот трениг пред утрешниот дуел во салата „Рентис“.

Средбата утревечер ќе започне во 19 часот, а на Македонија и два освоени сета против Грција ќе и завршат голема работа уште на овој меч со една нога да си го обезбедат местото на четвртото последователно Европско првенство.

ПретходноДанило Галинари го освои Порторико: Чекаше 20 години за прва клупска титула! (ВИДЕО)
СледноОфицијално: Забарњи е ново засилување на ПСЖ