Коментар на 1.коло: Фаворитите тргнаа силно, историја во ПМФЛ, убаво е вака секој ден прволигашки фудбал!

109

Пишува: Зоран Ѓоршоски

Во петокот со мечевите во Тетово и на Арената во Скопје и официјално стартуваше 34. сезона во ПМФЛ во самостојна Македонија. И почна спектакуларно за наши услови со 11 голови на тие два меча. Имаше и добра посета, имаше добар фудбал, имаше се што треба за да кажеме дека ќе ја биде.

Јасно е дека не треба сега ние во детали да изнесуваме што и како беше, веќе е напишано и аналиизирано во изминатите денови, а и сега сите мечеви ги има директно на ТВ и тоа благодарение на раководството на ФФМ на чело со Масар Омерагиќ.

Оваа сезона ќе биде историска и поради фактот дека за првпат во самостојна Македонија има ВАР на мечевите во ПМФЛ. И ова само поради веќе споменатиот Омерагиќ и неговиот тим во ФФМ.

Ветено и исполнето. И затоа нема сега реакции од клубовите за судењето. Грешките се сведени на минимум. Кој е подобар тој ќе победи.

Пак да се вратиме малку на тие шест меча. Имено она што се прогнозираше и се оствари уште на стартот,. Вардар, Шкендија, Силекс победија убедливо на стартот, победи и Струга ТЛ, но само со 2:0 против “лавовите“, единствено “киксна“ Тиквеш со тие 0:0 против Работнички, ама затоа тимот од Градски парк веројатно е најпријатното изненадување во ова прво коло.

Историја се пишуваше и во Куманово каде гостинот Арсими за првпат во својата клупска историја одигра меч во ПМФЛ, и одигра сосема солидно пред полната трибина на гости кај Башкими во меч кој заврши со резултат 1:1.

Мала дамка на овој убав старт фрли Шкупи, кој сеуште не знае каде ќе ги игра своите мечеви како домаќин поради тоа што не ги исполни барањата, само тој клуб, од ФФМ за ВАР технологијата. Ама барем собра 15 играчи и почна да игра, како што беше во Тетово.

И на крај. Уште еднаш се покажа дека вистински потегот на ФФМ за да се “развлече“ едно коло, односно тие шест меча во четири дена.

Убаво за следење, убаво е да одиш на сите натпревари а не како порано кога во Скопје се играа и по три во ист термин.

А вака во петок прво под Шара па после на Арената. Во сабота бираш сакаш Куманово или Струга, во недела секако во Кавадарци пред 5.000 гледачи и на крај во понеделник во Кратово.

Па има ли нешто поубаво од тоа да следиш и работиш речиси секој ден мак – фудбал, поточно прволигашки фудбал?

Се ова ФФМ го прави за да се популаризира нашето домашно фудбалско првенство. Нашите фудбалери да бидат ѕвезди.

И така треба.

ПретходноСензационално: Наполи работи на враќање на Елмас!
СледноФОТО НА КОЛОТО: Куманово сака фудбал, прволигашки!