Лани требаше да дојде во Гостивар, а сега на 40 години се договори со Олимпијакос

335

Поранешниот француски репрезентативец Матју Валбуена следната сезона ќе игра за Б-тимот на Олимпијакос, објави грчкиот клуб. Валбуена кој веќе има 40 години, минатата сезона беше пред преселба во Првата македонска фудбалска лига, откако тогашниот прволигаш Гостивар правеше напори да го донесе во своите редови. До договор не дојде, а Французинот остана во Грција.

Валбуена играше за првиот тим на Олимпијакос од 2019 до 2023 година, а со клубот од Пиреја освои три титули во грчкото првенство и еден национален куп. Во својата кариера, францускиот фудбалер играше и за Олимпик Марсеј, Динамо од Москва, Олимпик Лион, Фенербахче, Аполон Лимасол и Калитеа од Атина.

ПретходноТренерот на Џирона побарал нов напаѓач, Миовски се поблиску до заминување
СледноБалотели добил понуда да игра во Серија Д, но тој се уште се надева на клуб во Серија А