ЛШ: Ц.Звезда во 90+3. минута испушти победа, спектакл во Истанбул, историја за Пафос!

245
ФОТО: FK Crvena Zvezda/FB

Вечерва со одигрувањето на сите реванши во 3.квалификациско коло во ЛШ, познати се сите патници во плеј – офот во ова натпреварување.

Ц.Звезда откако на првиот меч во Познањ славеше со 3:1, вечерва на “Маракана“ во Белград не успеа да победи по вторпат. Српскиот шампион се до 90+3.минута имаше 1:0, но Лех со голот на Ишак успеа да дојде до 1:1. Стрелец на голот за домашните беше Ндиај во 45+1.минута од пенал. Сепак и со ова реми Ц.Звезда се пласира во плеј – офот во ЛШ.

Вистински спектакл во Истанбул на мечот Фенербахче – Феенорд кој го доби тимот на Мурињо со 5:2 и со вкупни 6:4 се пласира во следната фаза.

Историја за кипарски Пафос кој успеа да го елиминира Динамо Киев и за првпат во својата историја се најде во плеј – офот. Вечерва Пафос на свој терен славеше со 2:0, па така со вкупни 3:0 оди натаму во ЛШ и ќе ги одмери силите со Ц.Звезда.

Копенхаген на свој терен го декласира Малме со 5:0, и ако се знае дека на првиот меч беше 0:0, јасно е кој се најде во плеј – офот.

На останатите двомечи познато е дека Карабах ја елиминира Шкендија, а Ренџерс и покрај поразот од Плзен вечерва на гости се пласира во следната фаза, додека Клуб Бриж го елиминира Салцбург.

И Бенфика се најде во следната фаза откако вечерва успеа со 2:0 да слави против Ница, исто како и на првиот меч кога славеше како гостин.

ПретходноБалотели: Жал ми е што не играв повеќе за репрезентацијата! Некои луѓе не ме сакаа таму!