ЛШ: Шампионот верува дека може да го изненади Карабах среде Баку!

67

Доцна попладнево од 18 часот по македонско време, на стадионот “Тофик Бахрамов“ во Баку, во реванш меч од 3.квалификациско коло во Лигата на Шампионитем, Шкендија ќе ги одмери силите против силниот Карабах. За потсетување на првиот меч во Скопје шампионот на Азербејџан успеа да слави со 0:1 и затоа ја има таа огромна предност во пресрет на денешниот реванш.

Шкендија во Скопје иако беше поразена, реално не беше надиграна, имаше и шанси барем за реми, но јасно е дека овој Карабах е посилен и од ТНС и од ФЦСБ, екипи кои тимот на стратегот Јетон Беќири ги мина без некои поголеми проблеми во првите две кола во ЛШ.

Нашиот шампион реално и навистина нема што да загуби. Целта е остварена, настап во лигашката фаза, само сега треба да се види во кое европско натреварување.

Ако Шкендија успее да го мине Карабах, а за тоа потребен е барем еден гол и победа, тогаш во плеј – офот во ЛШ ќе игра со подобриот од двомечот меѓу Ференцварош и Лудогорец и ќе има осигурани 10 милиони евра и настап најмалку во групна фаза во ЛЕ.

Ако Шкендија не успее вечерва, тогаш ќе игра во плеј-офот во ЛЕ со поразениот од двомечот Ференцварош-Лудогорец и ќе има осигурани најмалку 6 милиони евра.

Пред Шкендија е голем предизвик. Тетовци досега никогаш не биле елиминирани од тим од Азербејџан, но исто така Карабах никогаш не бил елиминиран од тим од Македонија.

И дефинитивно вечерва Шкендија ако сака радост и славје, мора да го одигра својот најдобар меч ова лето.

Уште еднаш, мечот во Баку почнува во 18 часот а главен судија ќе биде славниот Дани Макели од Холандија.

ПретходноШтутгарт со ултиматум за Баерн: Имате рок до петок да извадите 65 милиони за Волтемаде
СледноФФМ потврди: Македонија – С. Арабија на 4 септември во Прага