ЛШ: Шкендија “ПЕТАРДИРАНА“ во Баку!

138
ФОТО: FC Karabah/FB

Карабах – Шкендија 5:1 е исходот од вечерашниот реванш меч од 3.квалификациско коло во ЛШ, одигран во Баку. Па така со вкупни 6:1, нашиот шампион е елиминиран од ЛШ и ќе игра во плеј-офот во Лигата на Европа.

Кога во 10.минута Тамба постигна гол за водство на Шкендија од 0:1, се чинеше дека повторно е можна сензација, ако се знае дека во Скопје беше 0:1 за Карабах. Но откако Цаке си постигна автогол за 1:1 во 16.минута, се тргна наопаку за Шкендија.

Карабах е тој што царуваше на теренот, покажа дека разликата е во класа, па така сосема заслужено оди натаму.

Шкендија ќе мора да извлече поука од овој убедлив пораз, од оваа катастрофа.

Ова е третиот највсок пораз на Шкендија во нејзината историја во Европа.

А се почна и повеќе од идеално за Шкендија. Се играше 10.минута кога Ибраими прекрасно, со долга топка го пронајде Тамба на другата страна, а овој во манир на расен стрелец ја затресе мрежата за 0:1 за тетовци.

Сепак Карабах не се чинеше дека е во шок, за разлика од неговите фанови. Многу брзо, изведе одлична акција домашниот состав по десната страна, а по центаршутот Цаке несмасно си постигна автогол.

И од тој момент се играше само на еден гол, оној на Гаје. Се редеа акции, шанси, удари. За водство на Карабах од 2:1 се погрижи Кади, па следуваше голот на Акундзаде за 3:1, па Јанковиќ од пенал се погрижи за 4:1. Со тој резултат се замијна пауза, а релнао според шансите тимот на стратегот Јетон Беќири треба да биде и презадоволен од тие 4:1, можеше домашниот состав барем уште толку голови да му даде на Гаје.

КАРАБАХ НЕМА НАМЕРА ДА ЗАСТАНЕ

И во второто полувреме иста слика на теренот. Карабах си ја покажа сета своја класа додека Шкендија колку и да се обидуваше се виде дека е немоќна. Едноставно толку се можностите.

Во 59.минута повторно се тресеше мрежата на Гаје, Леандро Андраде донесе уште една радост за домашните фанови за 5:1.

Ова е веќе катастрофа за Шкендија, а Карабах едноставно не знаеше да застане.

3.квалификациско коло во ЛШ – реванш (прв меч 1:0)

КАРАБАХ – ШКЕНДИЈА 5:1 (4:1)

Стадион “Тофик Бахрамов“ во Баку. Судија: Дани Макели (Холандија). Стрелц: Цаке (авт) 16.. Кади 18. Акундзаде 34., Јанковиќ (п) 36., Леандро Андраде 59. (КАР), Тамба 10. (ШКЕ).

КАРАБАХ: Кохалски, Матеус Силва (63.Болт), Мустафазада (63.Мамае), Медина, Џафаргулиев, Педро Бикаљо (63. Коуакоу), Јанковиќ, Зоубир, Кади, Леандро Андраде (78. Јабраулидзаде), Акундзаде (70. Гурбанли).

ШКЕНДИЈА: Гаје, Трумчи, Фетаи, Цаке, Вебстер, Р. Рамадани, Ќака (46. Красниќи), Зејнулаи (84.Каба), Љатифи (46.Алхасан), Тамба (75. Ф. Рамадани), Ибраими (63.Адеми).

ПретходноКакруки: Нема предавање! Можам да ветам борба за секоја топка!
СледноОфицијално: Грилиш во дресот на Евертон!(ФОТО)