Неверојатен е овој Арманд Дуплантис, овој човек е феномен. Швеѓанецот едноставно нема конкуренција па се бори сам со височините и тоа го прави успешно.
Па така на митингот во Будимпешта скокна 6,29 метри и со тоа по 13-пат го урна светскиот рекорд.
Двократниот олимписки шамион си остана доследен на традицијата да го поправа светскиот рекорд по само еден сантиметар, така беше и сега откако во јуни во Стокхолм скокна 6.28 метри.