Официјално: Забарњи е ново засилување на ПСЖ

33
фото: Fabrizio Romano (X)

ПСЖ го комплетираше трансферот на украинскиот репрезентативец Илја Забарњи. Сумата на трансферот изнесува 63 милиони евра. Борнмут може да добие уште 3 милиони евра како бонуси, откако во јануари 2023 година, Англичаните платија 22,7 милиони евра за дефанзивецот кој дојде од Динамо Киев.

„Многу сум среќен што му се приклучувам на Пари Сен Жермен, најдобриот клуб во светот! Тука сум да дадам сè од себе на теренот. Со нетрпение го очекувам моето деби и средбата со навивачите“, изјави Забарни.

ПретходноГрците пред мечот со Македонија: Победа за пласман на ЕП без пораз
СледноТренерот на Џирона побарал нов напаѓач, Миовски се поблиску до заминување