Познати се стартните состави: Шкендија повторно со Ибраими, Тамба и Љатифи ќе го напаѓа Карабах!

151
ФОТО: KF Skendija/FB

Познати се стартните состави на Карабах и Шкендија за реваншот од 3.квалификациско коло во Лигата на Шампионите, меч кој се игра од 18 часот.

Гурбан Гурбанов им даде шанса на овие играчи да го започнат мечот:

Кохалски, Силва, Мустафазаде, Медина, Јафаргулиев, Педро Бикаљо, Јанковиќ, Леандро Андраде, Кади, Зоубир, Акундзаде.

Додека Јетон Беќири овој реванш ќе го започне со следните стартни единаесет:

Гаје, Трумчи, Фетаи, Цаке, Вебстер, Р. Рамадани, Ќака, Тамба, Зејнуали, Љатифи, Ибраими.

Познато е дека Карабах има предност од првиот меч во Скопје со 1:0. Победникот од овој двомеч ќе игра во плеј – офот во ЛШ, додека поразениот во плеј – офот во ЛЕ.

На стадионот “Тофик Бахрамов“ во Баку правдата ќе ја дели Дани Макели од Холандија.

Претходно„Ни треба минимум сет против Грците, но зошто да не и победа во Атина!?“
СледноГостивар го завери Кристијан Столески!