Полувреме: Карабах ја наполни мрежата на Шкендија!

303

Ужасно прво полувреме за Шкендија во Баку, во реваншот од 3.квалификациско коло во ЛШ. Карабах – Шкендија 4:1, а можеше да биде барем 6:1, 7:1 за домашниот состав.

Тетовци едноставно делуваат како загубени во Баку, а се беше идеално во 10.минута кога Тамба по одличната асистенција на Ибраими донесе водство од 0:1 за шок за домашните фанови на “Тофик Бахрамов“ стадионот.

Но во 16.минута Цаке си даде автогол за 1:1 и од тогаш и тоа каков пресврт. Се играше “викторија“ пред голот на тетовци, а Кади, Акундзаде и Јанковиќ од пенал донесоа водство за Карабах од 4:1.

Шкендија може да биде и задоволна со овие 4:1.

ПретходноФОТО НА КОЛОТО: Куманово сака фудбал, прволигашки!
СледноПродолжува драмата: Исак го напушти домот во Њукасл!