Сензацонална вест денеска доаѓа од Италија. Имено како што пренесуваат сите релевантни медиуми, Наполи работи на враќање на Елиф Елмас. Како што се вели тренерот Антонио Конте сметал дека со враќање на Дијамантот во целост ќе се потполни ростерот и дека ќе добие на квалитет по таа лева страна.
Секако дека со ова нема да имаат ништо против и во раководството на клубот од Неапол, ако се знае дека Македонецот и тоа како остави добар впечаток за време на престојот под Везув од 2019 до декември 2023.
Се вели дека нема да има никаков проблем со Елмас, и тој не би има против да се врати во познатата средина, само ќе треба да се испреговара за евентуалниот трансфер со Лајпциг.