ТИМ И ИГРАЧ НА 1. КОЛО: Данев е “бисерот“ на Вардар!

213

Димитар Данев за првпат во својата куса кариера е играч на колото во ПМФЛ. И без дилеми заслужено. Бидете уверени дека нема да биде последен. Иако младиот офанзивец на нашиот најтрофеен клуб има само 19 години, Данев со својот потенцијал успеа да го “разбие“ Пелистер со два гола и да биде најзаслужен за победата на својот тим во “Дербито на Македонија“.

Нема дилеми дека Данев е “бисерот“ на Вардар. Македонија добива уште една екстра талентирано младо момче пред кого е блескава иднина.

Во тимот на ова прво коло од сезоната 2025/26 од Вардар тука се уште и Јанкулов и Мато. А има место и за Стевковски (Тиквеш), Демири (Работнички), Жаржу и Компаоре (Струга ТЛ), Ефтимов и Пиреш (Силекс), Бешагиќ (Арсими) и Ибраими (Шкендија).

ИГРАЧ НА КОЛОТО

Димитар Данев

Тим: Вардар

Роден: 23.05.2006 во Скопје

Кариера: Работнички, Вардар.

ПретходноФФМ потврди: Македонија – С. Арабија на 4 септември во Прага
СледноРома, Лацио, Бенфика и Порто гости во Куманово