Откако вчера шпанска Џирона официјално потпиша со Белгиецот Аксел Витсел, од клубот стигнува информација дека раководството на Џирона е во сериозен налет да обезбеди и нови засилувања до почетокот на сезоната. Тоа, пак, сериозно го загрозува статусот на нашиот репрезентативец Бојан Миовски.
Како што изјавил за „Естадио Депортиво“ тренерот на Џирона, Мичел, спортските директори бараат засилување на позицијата лев бек во очекување на претстојното заминување на Мигел Гутиерез во Наполи, но исто така и на еден крилен играч и дополнително уште еден напаѓач.
Оваа изјава на тренерот на Џирона јасно укажува дека Бојан Миовски е главен кандидат да го напушти „Монтиливи“ за да се направи место за новата „деветка“, која с еочекува да биде и најголемата инвестиција на пазарот ова лето за шпанскиот клуб.