ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Гоце Седлоски (Вардар)

43

Кога ќе се победи во “Дербито на Македонија“, и тоа кога ќе се “разнесе“ вечниот ривал Пелистер со 4:1, тогаш јасно е дека тренер на колото е Гоце Седлоски, стратегот на Вардар. Според “СпортСпорт“ тој е стратегот кој го одбележа ова стартно коло во новата 2025/26 сезона.

Реално на Вардар и не му беше така лесно во првото полувреме, но воден од Седло кој и тоа како покажа уште еднаш дека си ја знае работата, на крајот испадна дека и беше лесно. Седло му даде целосна доверба на младиот Данев, а овој му врати со два гола и блескав настап.

И, да. Овој меч на Седлоски беше 100-тиот како тренер на Вардар.

Со оваа победа и Седло и неговите избраници, но и сите во клубот, покажаа дека оваа сезона ќе се оди по титулата.

ПретходноЕнтони Едвардс на удар: Од него бараат половина милион евра и целосно старателство
Следно„Ни треба минимум сет против Грците, но зошто да не и победа во Атина!?“