Македонската фудбалска репрезентација ќе одигра контролен натпревар против Саудиска Арабија на 4 септември во рамки на официјалниот ФИФА термин. Дуелот ќе се одигра на стадионот „Викторија“ во Прага, Чешка, со почеток во 17:00 часот.
Ова ќе биде трет меѓусебен натпревар помеѓу двете репрезентации. Првиот се одигра на 1. август 2001 година во Ријад и заврши без победник (1:1). Вториот меч беше на 22. октомври 2022 година во Абу Даби, кога Саудиска Арабија славеше со 1:0. За Македонија на натпреварот настапија фудбалери од домашниот шампионат.
Контролниот меч во Прага ќе биде важен тест за нашите најдобри фудбалери и можност за селекторот Благоја Милевски да ја провери формата и тактичките замисли пред продолжението на квалификациите за Светското првенство 2026. Само три дена подоцна, на 7 септември, Македонија ќе го пречека Лихтенштајн на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.