Штутгарт со ултиматум за Баерн: Имате рок до петок да извадите 65 милиони за Волтемаде

55

Директорот на Штутгарт, Александар Верле, му испратил јасна порака на својот колега од Баерн (М), Макс Еберл, дека петок е последниот ден за постигнување договор за трансфер на Ник Волтемаде на „Алијанц Арена“.

Доколку тоа не се случи, Волтемаде ќе биде на теренот во дресот на Штутгарт против Баерн (М) во сабота навечер на натпреварот од Суперкупот на Германија. Популарните „Шваби“ јасно нагласија дека нема да се согласат на ништо помалку од 65 милиони евра за младиот германски голгетер, но Баерн досега никогаш не понудил повеќе од 50 милиони евра.

ПретходноБалотели добил понуда да игра во Серија Д, но тој се уште се надева на клуб во Серија А
СледноЛШ: Шампионот верува дека може да го изненади Карабах среде Баку!