Ентони Едвардс на удар: Од него бараат половина милион евра и целосно старателство

59

Ентони Едвардс повторно во центарот на скандал – тешка правна битка со поранешната партнерка.

Американската НБА ѕвезда Ентони Едвардс повторно е во фокусот на медиумите, но овојпат не поради кошаркарските настапи, туку поради комплициран правен спор со својата поранешна девојка, Ајеша Хауард.

Двајцата водат судска битка за старателство над нивната ќерка Обри, која се роди во октомври 2024 година. Во април оваа година, Ајеша доби привремено ексклузивно старателство, на што Едвардс тогаш се согласи. Сепак, ситуацијата повторно ескалираше кога дојде време за потпишување на конечната правна документација.

Ајеша одби да потпише, тврдејќи дека документите содржат неприфатливи клаузули – како забрана таа јавно негативно да зборува за Едвардс и забрана да објавува фотографии или информации за ќерката на социјалните мрежи. Адвокатите на Едвардс велат дека тие клаузули се отстранети, но Ајеша сега има нови барања: исплата на 458.000 евра како отштета и јавно извинување на сите социјални мрежи, со повлекување на, како што вели, „лажни и клеветнички изјави“.

Хауард нагласува дека паричниот барање не е услов за договор за старателство, туку компензација за значителна финансиска и репутациска штета. Дополнителна тензија се појави уште на почетокот, кога Едвардс веднаш по раѓањето на Обри побара тест за татковство, што предизвика бурни реакции.

Јавноста е поделена – дел го осудуваат Едвардс, додека други сметаат дека Хауард го користи медиумското внимание за притисок. Судот сè уште нема донесено конечна одлука, а исходот останува неизвесен.

ПретходноЛОТО – ИГРА НА СРЕЌА СО СЕМЕЈНА ТРАДИЦИЈА: Ритуал во кој среќните броеви ни поттикнуваат надеж
СледноТРЕНЕР НА КОЛОТО: Гоце Седлоски (Вардар)