29-годишниот напаѓач кој до неодамна беше дел од казахстанскиот тим Актобе, а претхондо го носеше дресот на Брера Струмица, се враќа во Македонија и ќе заигра за екипата на Струга ТЛ.
Ѓорѓе Ивковиќ во Струга доаѓа како слободен агент, откако му истече договорот со казахстанскиот тим. Во времето додека го носеше дресот на Брера во нашиот шампионат постигна 17 гола на вкупно 31 натпревар во Првата лига.