Тотенхем подготвува две трансфер „бомби“ вредни 150 милиони фунти

123

Ако досега и имаше некаков сомнеж на овие информации, сега се е јасно. Тотенхем навистина тргнува по две трансфер „бомби“ во финишот на преодниот рок.

Лондончани сакаат да ги доведат и Савињо до Манчестер Сити и Еберечи Езе од Кристал Палас. Значи, не станува збор за тоа едниот да биде алтернатива ако другиот не дојде, туку Спарс паралелно преговараат и работат на доведување и на двајцата.

Се проценува дека на Тотенхем ќе му бидат потребни меѓу 140 и 150 милиони фунти за да ги обезбеди потписите и на двете ѕвезди од Премиерлигата. Клаузулата на Езе е 79 милиони фунти, додека Сити за Савињо бара најмалку 70 милиони фунти.

ПретходноРома, Лацио, Бенфика и Порто гости во Куманово
СледноМега и Игокеа во новата сезона ќе играат и во руската ВТБ лига?