Откако вечерва во Баку, шампионот ја заврши одисејата во квалификацииѕте во Лигата на Шампионите, предмалку го дозна својот ривал во плеј – офот во Лигата на Европа. Тоа е бугарскиот шампион Лудогорец, кој пак беше елиминиран од Ференцварош по поразот вечерва со 3:0 во Будимпешта. На првиот меч беше 0:0.
Познати се и термините на овој двомеч со бугарскиот состав. Првиот меч се игра во Скопје на Националната Арена на 21 август, додека реваншот се игра во Бугарија на 28 август.
Инаку ова за Шкендија ќе биде четврти пат да игра во плеј – офот во Лигата на Европа, и тоа со Гент, Милан и Розенборг, и секогаш беше елиминирана.
Сепак без разлика што ќе направи во двомечот со Лудогорец, тетовци веќе си обезбедија есен во Европа со настап во лигашката фаза во Лигата на Конференции.
И да кажеме и тоа дека со влезот во плеј – офот во ЛЕ, Шкендија досега ова лето заработи околу 6 милиони евра со настапите во Европа.