Шкендија вечерва во Баку едноставно беше резултатски и играчки разбиена. Карабах се покажа како далеку поквалитетен тим од македонскиот шампион и со вкупни 6:1 се пласира во плеј – офот во Лигата на Шампионите и повеќе од заслужено.
Се разбира дека по мечот на стратегот на Шкендија, Јетон Беќири му беше тешко за да одговара на новинарските прашања:
“Прво, би сакал да им честитам на Карабах и на неговите навивачи. Карабах заслужи да победи, играа многу подобро од нас. Што се однесува до самиот натпревар, по резултатот од 1:5, искрено немам многу зборови. Игравме многу лошо во првото полувреме и примивме 4 гола. Од утре ќе го анализираме натпреварот и ќе се обидеме да најдеме мотивација за плејоф рундата од Лигата на Европа. Му посакувам успех на Карабах“ рече покрај другото стратегот на Шкендија.