Андреас Трајковски шести на митингот во Копенхаген!

103

Андреас Трајковски денес повторно учествуваше на меѓународен атлетски митинг овој пат во Копенхаген (Данска) и ја предствуваше Македонија во скок во далечина, но не успеа да го повтори успехот од пред неколку дена кога го освои 3-то место во Сестриере (Италија).

Денес најдобриот скок на Андреас беше 7.54 метри, во првата и во шестата серија, со што беше доволно за 6-то место. Првото место му припадна на Тобиас Монтлер (Шведска) со скок од 7.93 метри, втор беше Хенрик Флатнес (Норвешка) со 7.87 метри, додеа третото место му припадна на Чесвил Џонсон (Јужно АфричкаРепублика) со 7.86 метри.

ПретходноПолувреме: Тотенхем со водство против ПСЖ! (ВИДЕО)
СледноКК Гостивар се пофали со Младеновиќ!(ФОТО)