Андреас Трајковски денес повторно учествуваше на меѓународен атлетски митинг овој пат во Копенхаген (Данска) и ја предствуваше Македонија во скок во далечина, но не успеа да го повтори успехот од пред неколку дена кога го освои 3-то место во Сестриере (Италија).
Денес најдобриот скок на Андреас беше 7.54 метри, во првата и во шестата серија, со што беше доволно за 6-то место. Првото место му припадна на Тобиас Монтлер (Шведска) со скок од 7.93 метри, втор беше Хенрик Флатнес (Норвешка) со 7.87 метри, додеа третото место му припадна на Чесвил Џонсон (Јужно АфричкаРепублика) со 7.86 метри.