Кошаркарскиот гигант Барселона следната сезона ќе има момче од 13 години во својот прв тим. Според Рамон Паломар од „Спорт“, Мохамед Дабоне, 13-годишната ѕвезда на Барселона висок 210 сантиметри ќе се приклучи на првиот тим заедно со 17-годишниот Сајон Кеита, центар висок 212 см.
„Барселона сака Мохамед Дабоне и Сајон Кеита да имаат истакната улога следната сезона, па затоа ќе почнат да работат со остатокот од тимот“, рече Паломар.
И двајцата учествуваа на младинскиот турнир на Евролигата во Абу Даби оваа година. Дабоне, играјќи против многу постари противници, имаше просек од 12 поени, 7,3 скока и 1,3 блокади. Дабоне стана сензација во Шпанија. Во финалето на Младинскиот куп на АЦБ против своите врсници од Реал Мадрид, тој забележа 22 поени, 26 скока и индекс на корисност од 48.