Ди Канио за доаѓањето на Модриќ и Де Брујне во Италија: “Серија А долго време е гробишта на слонови!“

66
фото: AC Milan (X)


Познато е дека легендарниот и контроверзен поранешен италијански фудбалер Паоло Ди Канио, секогаш дабва такви изјави со што ја шокира јавноста. Од друга страна некои сметаат дека тој кажува тоа што го мисли и тоа без заобиколување и дека е во право.

Па така на прашањето што мисли со доаѓањето во Италија на Лука Модриќ и Кевин де Брујне, славниот Ди Канио си кажа:
„Серија А долго време е гробишта на слонови. Порано беа Роналдо и Рибери, а денес се Де Брујне и Модриќ“, истакна тој и продолжи:

Прашањето е колку долго овие двајца можат да издржат на високо ниво, но поважно, колку нивниот квалитет и техника ќе бидат прифатени од нивните соиграчи, бидејќи е тешко да се имитира некој што е уникатен. Мислам, тие нема да бидат доволни сами по себе ако нема тим што се движи добро околу нив. Секако ќе уживаме во нивниот квалитет, но оние околу нив ќе мора брзо да научат како да разберат против кого играат. Модриќ е лидер кој знае како да разговара со тимот, Милан ќе има корист од тоа, во сезона во која го имаат само шампионатот“, додаде тој.

ПретходноРашфорд објасни зошто Јунајтед не успеал да ја освои титулата многу години, го посочува Ливерпул!
СледноРоманија повторно подобра, кошаркарите поразени во Орадеа