Илиевски направи две промени за вечерашниот дуел со Романија

89
фото: fiba.basketball

Селекторот на сениорската кошаркарска репрезентација на Македонија, Марјан Илиевски ќе направи две измени во играчкиот ростер за средбата денеска од 19 часот во „Орадеа Арената“ против селекцијата на Романија. Тој најави дека ќе пријави двајца нови кошаркари.

Адем Мекиќ, едeн од најискусните во нашата репрезентација, проба, но не го издржа оној „главен тренинг“ пред вториот меч со Романија во рамките од претквалификациите за Светскиот Куп во 2027 година. На неговото место, Илиевски одлучи во „финалните 12“, да го постави Марко Миловановиќ.

Предводникот на „црвено-жолтите“ за овој меч, трет во претквалификациската група, се одлучи за уште една промена во ростерот. И на местото на Тома Стојаноски, во конкуренција влегува Никола Василевски, кој за прв пат во својата кариера, ќе ги чека првите минути во сениорскиот тим на Македонија.

ПретходноСкандал на женското младинско СП во одбојка: Во тимот на Виетнам открени две момчиња!?
СледноОфицијално: Малик Тиао е ново засилување за Њукасл