Лукас Васкез, еден од симболите на Реал Мадрид во последната деценија, се раздели со „кралскиот“ клуб ова лето и е слободен да избере нова средина.
Тој беше поврзуван со Фенербахче, но тој договор пропадна, а сега шпанските медиуми пишуваат дека би можел да потпише за Еспањол или Бешикташ.
Тој веќе играше за Еспањол во сезоната 2014/2015 и клубот од Барселона наводно е фаворит да го доведе во моментов.
Бешикташ е исто така влезе во играа, но проблемот со турските гиганти е што на Васкез не му се допаѓа што му се нуди договор само за една година.
Васкез пристигна во Реал Мадрид во 2007 година и играше во сите категории на младинската академија.
Одигра 402 натпревари за Реал во текот на 10 сезони. Освои 23 трофеи со клубот, вклучувајќи пет Лиги на шампиони.