Нашата сениорска кошаркарска селекција и вечерва беше поразена и тоа на гости кај Романија. Трет пораз на исто толку мечеви во тековните претквалификации за СП 2027. Реално треба да се каже дека на гости кај Романија нашиот млад состав покаже повеќе од минатите средби.
По средбата селекторот Марјан Илиевски изјави:
„За разлика од претходниот натпревар против Унгарија, денеска нашиот млад тим покажа карактер и морам да бидам задоволен од играчите. Романија има далеку поискусни кошаркари и заслужено победи, но ние напредуваме од натпревар во натпревар“.