Охрид ја доби “езерската“ пресметка на Струга 2025!

1

Денеска стартуваше 53. издание на меѓународниот ракометен турнир Струга 2025 и тоа со мечот меѓу Струга и Охрид, кој го добија гостите со 23:31 и со тоа ја оправдаа улогата на фаворити.

Иако настапија со комбинаран состав, ракометарите на Охрид уште на стартот покажаа дека на овој прв меч на овој турнир имаа намера да победат, па така и беше. Првото полувреме го добија со 14:11.

На почетокот од второто полувреме, Струга се закани, дојде на -1 гол негатива, но толку беа силите на овој состав.

Во продолжение од средбата Охрид знаеше како треба и успеа да дојде до созема заслужемна победа на оваа “езерска“ пресметка.

По свеченото отворање, нешто пред 21 часот се игра и вториот меч на првиот ден од овој турнир и тоа меѓу Бутел и Раднички.

ПретходноРоманија повторно подобра, кошаркарите поразени во Орадеа