Романија повторно подобра, кошаркарите поразени во Орадеа

73
Фото: ФИБА

Македонската кошаркарска репрезентација го запиша третиот пораз во претквалификациите за СП 2027 година, откако по вторпат беше совладана од Романија, овој пат на гости со 79-66. По овој меч стана јасно дека шансите за следната фаза се целосно загуби. Македонија последниот меч го игра против Унгарија на 20 август во СРЦ „Кале“ во Скопје.

Вајли имаше дабл-дабл од 19 поен и 10 скока, зад него беше Магдевски со 13 поени.

Првата четвртина мина во знакот на противникот, највисоката позитива беше девет поени (22-13 и 24-15). Иако се чинеше дека Романците веќе го имаат фатено ритамот, сепак нашите кошаркари имаа добри минути. Со серија од 7-0 дојдоа на само еден поен негатива (31-30), а потоа повторно го загубија чекорот. Противникот казни, на одморот замина со двоцифрени 45-34 благодарение на шесте поени во низа и бројните грешки на македонските кошаркари.

На средината на третата четвртина Романија поведе со 54-41. Селекторот, Марјан Илиевски повика тајм-аут, овој пат истиот вроди плод, со шест поени во низа Македонија намали на 54-47. Сепак ова не беше доволно за да нашите момци сериозно се заканат, Романија дојде на плус 13 на стартот на последните десет минути (64-51).

Оваа негатива не ги обесхрабри кошаркарите, со десет поени во низа дојдоа на минуст три на 64-61 во 35 минута. Три минути подоцна, Македонија повторно се закани сериозно, дојде на 69-66, Ташовски промаши тројка за изедначување, на другата страна Кути и Кате зголемија на 74-66. Тука беше и крајот на овој меч, Македонија не одговори ниту во следниот напад, Романија казни и дојде на двоцифрени 77-66.

ПретходноДи Канио за доаѓањето на Модриќ и Де Брујне во Италија: “Серија А долго време е гробишта на слонови!“
СледноОхрид ја доби “езерската“ пресметка на Струга 2025!