Скандал на женското младинско СП во одбојка: Во тимот на Виетнам открени две момчиња!?

72
фото: fivb.com

Огромен скандал ја потресе светската одбојка, откако на Светското првенство за одбојкарки до 21 година во Сурабаја (Индонезија) е откриено дека дел од одбојкарките на селекцијата на Виетман, всушност се мажи.

Меѓународната одбојкарска федерација (FIVB) донесе исклучително строга одлука и ги регистрираше сите натпревари на Виетнам со службени 3:0 за противниците.

„По изразените загрижености дека Виетнамската одбојкарска федерација вклучила сомнителна одбојкарка во својата национална репрезентација до 21 година на Светското првенство во Индонезија, ФИВБ спроведе истрага во согласност со своите правила. Истрагата заклучи дека дотичната одбојкарка не била подобна според член 12.2 од Дисциплинскиот кодекс на ФИВБ“, објавија од Светската куќа на одбојката.

Според извештаите ФИВБ одлучила да спроведе хромозомски тестови кај одбојкарките Данг Ти Хонг и Нгуен Фуонг, кои изгледаат екстремно слично на момчиња. Виетнамската федерација ги негираше овие извештаи, додавајќи дека станува збор само за документи кои недостасуваат, како што се изводи од матичната книга на родените. Виетнам ќе го продолжи учеството на Светското првенство во 2025 година без својот капитен Данг Ти Хонг.

ПретходноПрвпат по 20 години: Украина без преставник во главната фаза на ЛШ
СледноИлиевски направи две промени за вечерашниот дуел со Романија