Беа на работ на бездната, до таа 85.минута имаа 0:2, ама покажаа карактер на вистински шампиони и на крај го добија пехарот како победници во Суперкупот на УЕФА.
ПСЖ знаеше како треба, а Тотенхем може само да жали. Луис Енрике освои уште еден трофеј, по Лигата на Шампионите сега за првпат на Париз, на Франција им го донесе и првиот пехар во Суперкуп.
Уште да беше онаа брука во финалето на СКП од Челзи, ќе се беше се идеално за ПСЖ.
Но, тоа е фудбалот, не можеш да победуваш секогаш.