Нашиот репрезентативец Јани Атанасов почна да дава голови за својот нов клуб, АЕЛ Лариса. Имено вчера на еден турнир, на мечот со Пансераикос тој беше стрелец на убав гол и тоа речиси од мртов агол.
Ова беше подготвителен меч за АЕЛ и ова беше деби за Македонецот во дресот на својот нов клуб.
Да потсетиме дека ова лето Атанасов направи трансфер од Краковија во АЕЛ Лариса.
Голот на Атанасов е на 4:56 минута од видеото: