Касниш на тренинг = не играш против најдобрите во Европа

213

Фудбалерите на Тотенхем денес отпатуваа во Удине на натпревар против Пари Сен Жермен, кој ќе се игра денеска од 21 часот.

Фудбалерот на Тотенхем, Ив Бисума, е изоставен од составот за натпреварот поради дисциплински причини, односно поради постојано доцнење.

„Бисума не е тука поради дисциплински причини. Неколкупати задоцни, а последниот пат беше премногу. Мораме да даваме љубов и да имаме барања, но мора да постојат и последици. Постојат последици, кога ќе се вратиме дома ќе се занимаваме со тоа, сега го оставаме на страна“, изјави тренерот на Тотенхем, Томас Франк, пренесе Би-Би-Си.

Тренерот истакна дека пред тимот стои многу важен натпревар, но дека играчите не треба да бидат под притисок.

„Верувам во принципите, во структурите во тимот, офанзивно и дефанзивно. Сакам да имам јасна структура во првата и втората фаза кога ја градиме играта. Во третата фаза сакаме да го контролираме натпреварот и да постигнуваме голови. За клубот, за мене и за сите во Тотенхем, ова е огромен натпревар. Ова е голем предизвик и уште поголема можност. Јас гледам можности наместо притисок. Дефинитивно ќе го прифатиме тоа и ќе дадеме сè од себе“, додаде Франк.

Претходно„ПСЖ покажа нула почит кон Донарума“
СледноУЕФА без милост, со строги санкции за Партизан