Прва меч-топка за Европско: Одбојкарите по сензација во Атина

108
фото: CEV.eu

Македонската одбојкарска репрезентација вечерва од 19 часот во салата „Мелина Меркури Рентис“ во Атина ќе го одигра еден од двата одлучувачки натпревари на патот до четврто учество на Европскоте првенства. Момците на селекторот Јошко Миленкоски пред себе имаат еден исклучително силен ривал кој со досегашните настапи во групата „Ф“ веќе си го обезбедија местото на завршниот турнир.

Грција на првиот меч во Скопје пред една година славеше против нашата репрезентација со 3:1, па денеска нашите репрезентативци ќе се обидат да приредат изненадувањ ена жешкиот терен во грчката престолнина. Последните тест дуели кои ги одиграа нашите одбојкари покажаа низа слабости кои мора да се корегираат, па во деновите од турнирот „Чајка“ до заминувањето за Грција, Миленкоски и неговите асистенти работеа токму на овие детали во играта.

„Со оглед на резултатите од другите групи, јасно е дека за нас одлучувачки ќе биде мечот со Грузија. Секако уште на овој натпревар со Грција може да си го завериме местото на Европското првенство што е наша примарна цел. Пред нас имаме една компактна и многу силна репрезентација. Добро го познавам и нивниот менталитет и квалитетите. Знам дека ќе одат на победа, но ние ќе се обидеме да ги искористиме нашите шанси“, вели селекторот Миленкоски.

Судии на денешниот меч ќе бидат Ивајло Иванов од Бугарија и Петер Шабо од Унгарија.

ПретходноОфицијално: Малик Тиао е ново засилување за Њукасл
СледноАнализите велат: Барселона повторно ќе ја освои титулата во Шпанија