„ПСЖ покажа нула почит кон Донарума“

111
ФОТО: FC PSG/FB

Италијанскиот голман Џанлуиџи Донарума одлучи да замине од ПСЖ. По тоа што минатата сезона ја освои Лигата на шампионите и француското првенство, Донарума не успеа да постигне договор со клубот за потпишување нов договор. Поради тоа, тренерот Луис Енрике не го вклучи во составот за УЕФА Суперкупот, во кој ПСЖ ќе игра против Тотенхем. За целиот случај се огласи менаџерот на Донарума, Енцо Рајола.

„Шокирани сме од постапките на ПСЖ. Покажаа нула почит кон Донарума по четири години во кои бранеше за нив. Ситуацијата ја разгледуваме со правниот тим. Џиџо дури беше подготвен и на намалување на платата, но ПСЖ ги промени условите под кои требаше да потпише нов договор“, изјави агентот на Донарума за Sky Sports.

На Италијанецот договорот му истекува летото 2026 година, а ПСЖ не сака да замине без обештетување. Се очекува Донарума ова лето да го напушти ПСЖ, а Манчестер Сити е еден од клубовите што се распрашуваат за трансферот, јавува Фабрицио Романо.

Засега францускиот клуб бара 50 милиони евра, што за Англичаните е премногу. За да направи место за Донарума, Сити ќе треба да го продаде и својот стандарден голман Едерсон. За Бразилецот наводно се распрашува Галатасарај.

ПретходноАдмир Љатифи ќе го носи дресот на Осијек
СледноКасниш на тренинг = не играш против најдобрите во Европа