УЕФА без милост, со строги санкции за Партизан

184

Дисциплинската комисија на УЕФА жестоко го казни ФК Партизан поради случувањата на натпреварите против Олександрија и Хибернијан во квалификациите за Конференциската лига.

Црно-белите поради тоа ќе имаат намален капацитет на стадионот на следниот европски натпревар за 10.000 места.

Партизан ќе мора во касата на Европската куќа на фудбалот да уплати скоро 100.000 евра за различни прекршувања на дисциплинскиот правилник.

Клубот е обвинет за фрлање тврди предмети, палење пиротехника, користење ласер, расистичко или дискриминаторно однесување и блокирање премини.

Црно-белите дополнително ќе треба да платат и 12.000 евра за блокирање јавни премини, 17.500 поради пораки несоодветни за спортски настан, 8.000 евра за користење ласер и 2.500 евра за палење пиротехнички средства.

Останува да се види дали Партизан оваа казна ќе ја одработи сезонава или ќе се пренесе во следната.

Фудбалерите на Партизан отпатуваа за Шкотска, каде во четврток од 21:00 часот ќе гостуваат на Хибернијан.

ПретходноКасниш на тренинг = не играш против најдобрите во Европа
СледноЃорческа со победа над тенисерка од Грција стартуваше на турнир во Србија