УЕФА Супер Куп: „Новиот“ Тотенхем ќе се проба со европските шампиони

105

Вечерва фудбалските фанови ширум светот ќе го очекуваат првиот освојувач на европски трофеј во пресрет на новата сезона. ПСЖ и Тотенхем влегуваат во битка за престижниот трофеј од Суперкупот на УЕФА на стадионот во Удине. Натпреварот со кој традиционално започнува новата европска фудбалска сезона, ветува дека ќе биде врвен натпревар меѓу два ѕвездени тима.

Како актуелен победник на Лигата на шампионите, ПСЖ доаѓа со високи амбиции. Предводени од Луис Енрике и импресивното напаѓачко трио, Парижаните се обидуваат да ја потврдат својата доминација на европската сцена.

„Овој пат ја започнуваме сезоната малку поинаку. Финалето е голем настан, голема сцена. Со нетрпение го очекуваме нашиот прв натпревар против Тотенхем. Не знам каков ќе биде планот на Тотенхем. Тимот неодамна го сменија тренерот. Тренираат заедно веќе еден месец, а ние тренираме само една недела. Но, тоа не е изговор. Ќе дадеме сè од себе“, изјави пред денешниот дуел тренерот на парижани, Луис Енрике.

Од друга страна, победникот на Лигата на Европа, Тотенхем, доаѓа со желба да ја расипе прославата на францускиот тим. Под водство на новиот менаџер Томас Франк, останува да видиме како ќе изгледа новиот лондонски тим. Од времето на неговиот престој во Брентфорд, Франк негуваше борбен дух и силна напаѓачка игра.

Инаку, историски ПСЖ и Тотенхем имаат само еден досегашен официјален меѓусебен дуел. Истиот беше одигран како подготовка за сезоната 2017/18 на Интерконтиненталниот куп во САД. На тој дуел Англичаните славеа со 4:2.

Судија на вечерашниот дуел ќе биде Португалецот Пињеиро.

ПретходноЦ. Звезда ќе мора да го продаде голгетерот: Ендиаје оди во ОАЕ за 10 милиони евра
СледноЃоргиев пред денешниот дуел со Грција: Да се биде или не, тоа е нашиот менталитет