Голема победа оствари македонската тенисерка Лина Ѓорческа која во мечот од првото коло на W75 турнирот што се игра Куршумлијска Бања, Србија за награден фонд од 60.000 долари. Таа ја совлада четвртата носителка Деспина Папамиахил од Грција со 2-1 во сетови (3-6, 6-1, 6-2) за 1 час и 50 минути игра.
Папамихаил подобро го почна мечот и по водството од 4:1 во гемови го доби првиот сет со 6:3 за водство од 1-0. Но, во продолжението на мечот Ѓорческа на противничката и препушти само три гема во двата сет и со пресврт стигна до победата од 2-1 во сетови. Во вториот сет по 1:1 во гемови македонската тенисерка направи серија од 5-0 за да го освои сетот со 6:1. Во решавачкиот сет Лина ја продолжи серијата со уште два гема и поеде со 2:0, но ривалката изедначи на 2:2. Сепак Ѓорческа со уште една серија од четири гема го доби сетот со 6:2.
Во следното коло (второ) македонската тенисерка ќе игра против Дарја Астахова, која ја совлада пред една недела.