Баерн и агентот на Волтемаде лути на Штутгарт: Не се договоривме така!

75

Баерн Минхен продолжува да работи на комплетирање на трансферот на напаѓачот на Штутгарт, Ник Волтемаде. 23-годишникот е приоритет за Баварците и тие не се откажуваат лесно од него, пишува Фабрицио Романо.

Во средата, шефовите на Штутгарт ја отфрлија третата понуда од германскиот шампион за Волтемаде. Понудата беше околу 60 милиони евра, како и процент од следната продажба. Управниот одбор на Штутгарт ја отфрли понудата, инсистирајќи на сума од 75 милиони евра.

Оваа одлука беше дочекана со гнев од агентот на германскиот репрезентативец, Дени Бахман, кој ги обвини „Швабите“ дека не ги почитуваат претходните договори со неговиот клиент. Волтемаде веќе се договорил со Баерн и е заинтересиран да се пресели на „Алијанц Арена“.

Претходно„Ако Артета сака да биде шампион, нека го смени капитенот!“
СледноЧоло не запира: Атлетико (М) преговара со Јувентус за Нико Гонзалез