Иако второто коло ќе стартува утре со средбите во Кавадарци и Гостивар, сепак се знае распоредот за третата прволигашка рунда во новата сезона.
Па така средбите од 3.коло исто ќе се играат од петок до понеделник, но со напомена дека дури два меча ќе се играат во вечерен термин или под рефлектори.
Тоа се средбите Вардар – Брера и Пелистер – Шкупи.
Ова е распоредот на сите шест натпревари од 3.коло во ПМФЛ со сатниците.
ПЕТОК (22.08.) – 17:00 Ч
Струга: Струга ТЛ – Работнички
ПЕТОК (22.08.) – 20:00 Ч
Скопје: Вардар – Брера
САБОТА (23.08.) – 17:00 Ч
Куманово: Башкими – Тиквеш
НЕДЕЛА (24.08.) – 17:00 Ч
Тетово: Шкендија – Арсими
НЕДЕЛА (24.08.) – 20:00 Ч
Битола: Пелистер – Шкупи
ПОНЕДЕЛНИК (25.08.) 17:00 Ч
Кратово: Силекс – Македонија ЃП