Реал без обештетување носи играч од 60 милиони евра?

320

Ибрахима Конате доби конкуренција во Ливерпул, кој на пазарот работи на доведување на двајца стопери – Марк Гехи и Џовани Леони. Овој двоен потег дополнително ги поттикнува шпекулациите за иднината на францускиот дефанзивец, кому договорот му истекува следната сезона и кој сè почесто се поврзува со Реал Мадрид, пишува „АС“.

Иако Ливерпул сака да му понуди нов договор, во трката се вклучи и мадридскиот клуб. Реал и ПСЖ го вклучиле 26-годишникот на своите листи на желби за летото 2026 година, кога би можеле да го доведат без обештетување. Управата на Реал засега планира да чека.

Во меѓувреме, во Мадрид сакаат да ја проверат формата на Едер Милитао и Давид Алаба по бројните и тешки повреди, додека се чини дека Антонио Рудигер, и покрај 32-годишната возраст, како и младите Хујсен и Асенсио, ќе имаат иднина на „Сантијаго Бернабеу“.

Но Реал сака повеќе. Го сака Конате – и тоа бесплатно следното лето. Сепак, доаѓањето на Гехи и Леони на „Енфилд“ би можело да ја забрза ситуацијата, па сè повеќе се спомнува можноста Реал уште ова лето да тргне по поранешниот дефанзивец на Лајпциг. Во тој случај, понудата не би надминала 20 до 25 милиони евра.

Нема пречки за трансфер
Според информациите, Французинот веќе му дал „зелено светло“ на Реал. Без разлика дали ќе биде ова лето или следното, тој сака да го облече белиот дрес. Ливерпул, сепак, не сака да го изгуби. Управата на актуелниот првак на Премиер лигата е решена да му го продолжи договорот и не планира да го продаде под цена, а уште помалку да дозволи да замине бесплатно.

Сепак, тренерот Арне Слот наскоро треба да добие засилувања во одбраната во ликот на Гехи и Леони, со што клубот веќе се подготвува за можниот замин на францускиот дефанзивец, заклучуваат шпанските медиуми. Конате, според „Трансфермаркт“, вреди 60 милиони евра, а во Ливерпул пристигна од РБ Лајпциг пред пет години за 40 милиони евра.

ПретходноФудбалерите на Челзи бонусите од Светското првенство ќе ги донираат на семејствата на Жота и Силва
СледноМилвоки му забрани на Јанис Адетокумбо да игра за Грција