Струга 2025: Охрид ја победи Бурса и завери финале, прв триумф и за Тиквеш

73
фото: Меѓународен ракометен турнир Струга (Facebook)

Ракометарите на Охрид ја остварија и втората победа на 53. Издание на традиционалниот Струшки ракометен турнир. Вечерва во вториот меч на вториот ден на турнирот, силниот состав на „гладијаторите“ славеше убедливо над екипата на Бурса од Турција со 38:28.

Со две победи Охрид е сигурно прв во својата група и ќе игра во големото финале. Ојлески со 6 гол аги предводеше охриѓани до победата.

Во првиот денешен меч на турнирот, ракометарите на Тиквеш го совладаа српскиот претставник Раднички Крагуевац со 24-20. Ова беше прва победа за кавадарчани, кои со овој триумф се први на табелата пред Бутел и Раднички.

Најефикасен во дресот на Тиквеш беше Коцев со 6 гола. И со реми во последното коло Тиквеш има реални шанси за финале.

ПретходноАртета е анти-рекордер: Потрошил над 700 милиони евра за засилувањa од последниот освоен трофеј
СледноБарем си призна: Кога ќе ја видиш понудата, не можеш да поверуваш!