Хаос на тренингот на Макаби Хаифа: Полјаците влетаа на терен на тренингот на Израелците! (ВИДЕО)

350

Вечерва во Дебрецин се игра реваншот од 3.коло во Конференциската лига меѓу Макаби Хаифа и Раков. Се игра во Унгарија од познати причини. На првиот меч во Полска беше 1:0 за Израелците, но и тогаш и вчера имаше големи тензии меѓу претставници на двата клуба.

Хаосот кулминираше вчера на тренингот на Макаби, кога сите фудбалери на Раков, тренерите, докторите, претставници на медиумите влетаа на теренот. За среќа избегнат беше поголем инцидент па и класична тепачка.

Што бараа само тие си знаат.

По се ова раководството на Макаби Хаифа ја известило и УЕФА.

Искрено ова ретко се гледа на еден официјален меч под покровителство на УЕФА.

ПретходноРадески: Струга ТЛ сака победа и против Арсими
СледноАрѓент Гафури: Сите знаеме што значи овој меч за Арсими, ќе го дадаме максимумот за да дојдеме до три бода!