Чоло не запира: Атлетико (М) преговара со Јувентус за Нико Гонзалез

55

Атлетико Мадрид не заврши со летниот трансфер период. Тимот на Чоло Симеоне сака да потпише со уште еден Аргентинец ова лето. Мадриѓани започнаа преговори со Јувентус за потпишување на крилниот напаѓач Николас Гонзалез.

Разговорите меѓу двата клуба се за договор во кој шпанскиот клуб целосно ќе ги стекне правата врз 27-годишниот крилен напаѓач.  Договорот на Нико Гонзалез со Јувентус е за уште четири сезони.

Тој им се приклучи на „бјанконерите“ минатото лето како позајмен играч од Фиорентина, а официјално беше купен во јуни за нешто повеќе од 28 милиони евра.

Минатата сезона, Гонзалез постигна пет гола и имаше четири асистенции во 38 настапи во сите натпреварувања.

ПретходноБаерн и агентот на Волтемаде лути на Штутгарт: Не се договоривме така!
СледноЛЕ и КЛ: Алиоски постигна гол, Лугано доживеа елиминација, елиминиран и тимот на Зеко Рамадани