Микел Артета потроши повеќе од 700 милиони евра откако го освои својот последен трофеј. Според анализата на „Трансфермаркт“ менаџерот на „топчиите“ е прв на листа на менаџери кои потрошиле најмногу од нивната последна голема титула.
Суперкуповите и трофеите од еден натпревар не се вклучени, ниту пак се вклучени трошоци направени по 1 јули 2025 година.
Артета од последниот освоен трофеј има „фрлено“ 778 милиони евра за нови засилувања. Втор на листата е Унаи Емери, кој последниот трофеј го имаше со Виљареал, па од тами преку Астон Вила потрошил 430 милиони за нови имиња во тимовите кои ги води.
Пеп Гвардиола е на третото место со потрошени 392 милиони од последниот пехар во клупските витрини на „граѓаните“.