Давор Здравковски се врати во дресот на АЕЛ

42
ФОТО: x.com/Motherwell FC

27-годишниот македонски репрезентативец Давор Здравковски се врати на Кипар. Денеска неговиот поранешен клуб АЕЛ Лимасол потврди дека е постигнат договор.

Здравковски се враќа во семејството на АЕЛ, со кого го освои Купот на Кипар во 2019 година, откако даде значаен придонес во успесите на овој тим во периодот 2017–2023 година, забележувајќи повеќе од 160 официјални настапи.

Во последните две години, нашиот интернационалец играше во Шкотска за екупата на Мадервел каде што имаше 62 настапи во сите натпреварувања.

ПретходноЛион и Матиќ ја прекинаа соработката
Следно„Холивудскиот клуб“ направи трансфер за историја